„Мета“ (Meta Platforms Inc.) го ангажира Франк Чу, директорот за вештачка интелигенција (ВИ) од „Епл“ (Apple Inc.), за да ѝ се приклучи на МСЛ (Meta Superintelligence Labs), според лица упатени во ситуацијата.
Чу е најновиот вработен од „Епл“ што работел на ВИ-модели и преминува во „Мета“, приклучувајќи им се на неколку колеги, вклучувајќи го и шефот на тимот за ВИ-модели во „Епл“.
„Мета“ го забавува вработувањето, а во еден интерен допис се наведува дека компанијата „привремено паузира со вработување во сите МСЛ-тимови, освен за критични позиции за бизнисот“, пишува во документ до кој дошол „Блумберг“.
Прочитај повеќе

Експерт од „Опен еј-ај“ стана главен научник во „Мета“ на Закерберг
Шенгџија Жао беше дел од тимот кој работеше на оригиналната верзија на популарниот четбот ЧетГПТ.
27.07.2025

Нова ера во „Епл“: Компанијата најавува роботи и уреди за паметен дом
Роботи придружници, „живописна“ Сири, паметни звучници и домашни безбедносни камери ја обликуваат визијата за иднината на „Епл“...
14.08.2025

„Мета“ со милионски договор го привлече водечкиот човек за вештачка интелигенција на „Епл“
Највисокиот раководител на „Епл“ задолжен за модели на вештачка интелигенција (ВИ) заминува во „Мета“, што претставува нов удар за производителот на ајфони.
08.07.2025
Чу ги предводеше тимовите за вештачка интелигенција на „Епл“ што биле фокусирани на инфраструктура во облак, тренирање и пребарување, а ќе ѝ се приклучи на МСЛ. Портпаролите на „Епл“ и на „Мета“ одбија да коментираат.
Тој следи неколкуте свои колеги во „Мета“, која исто така го вработи и шефот на тимот за ВИ-модели во „Епл“. Чу помагал во управувањето со големите јазични модели на облак-серверите на „Епл“, надгледувал дел од обуката на софтверот и учествувал во развојот на функции за пребарување за Сири и забавните сервиси.
Чу е најмалку шести експерт за ВИ-модели од „Епл“ што премина во „Мета“. Бранoт на заминувања започна во јули, кога Руоминг Панг, творецот на ВИ-тимот на „Епл“, ја напушти компанијата поради пакет вреден 200 милиони долари во „Мета“.
Потоа, „Епл“ го напуштија и ВИ-инженерите Том Гунтер, Марк Ли, Боуен Жанг и Јун Жу. Покрај Панг, Чу е најзначајното заминување, имајќи ги предвид обемот на неговите одговорности и позицијата во компанијата. Тој беше заменик на Беноа Дупин, извршниот директор за ВИ-инфраструктура во „Епл“, кој одговара на Џон Џанандреа, шефот за ВИ-стратегијата на „Епл“.
Чу ќе работи во новиот тим на „Мета“, наречен „МСЛ Инфра“ (MSL Infra), кој ќе се занимава со развој на ВИ-инфраструктура. Неделава „Мета“ го реорганизираше ВИ-одделот во четири сектори, кои сега се подредени на поранешниот шеф на „Скејл еј-ај“ (Scale AI), Александар Ванг. „Мета“ го забавува вработувањето по неколкуте месеци во кои потроши милијарди долари за зајакнување на групата „Суперинтелиџенс“ (Superintelligence).
„За да управуваме одговорно со бројот на вработени и да осигуриме дека отворените и идните позиции се усогласени со нашите приоритети, привремено паузираме со вработување во сите МСЛ-тимови, освен за важни позиции“, се наведува во интерниот допис до менаџерите за вработување во кој увид имал „Блумберг“.
За „Епл“, овој бран на заминувања носи дополнителни потреси во ВИ-одделот, кој веќе се соочува со тешкотии. Компанијата заостанува зад конкуренцијата и ја одложи значајната надградба на Сири.
По промените во раководството, „Епл“ сега разгледува употреба на ВИ-модели од трети страни за својот гласовен асистент наместо да го развива со сопствена технологија. Тој развој, во комбинација со заминувањето на Панг, го потресе ВИ-тимот и поттикна одлив на таленти.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...