text size
Апулија се наоѓа на петицата од италијанската чизма. Ја красат градови со бели фасади, древни маслинови насади и море посино од очите на Гвинет Палтроу во филмот „Талентираниот господин Рипли“ (The Talented Mr. Ripley) – Јадранско од едната и Јонско од другата страна. Долго време беше во сенка на соседниот брег Амалфи, но во последно време станува сè попопуларна туристичка дестинација. Амалфи и островот Капри навистина се шик, но дури кога ќе пристигнете на „заостанатиот и заборавен“ југ на Италија, ќе го почувствувате вистинското „il dolce far niente“ – слатко безделничење.