Во морето од познати летни дестинации низ Грција, кои секоја година привлекуваат стотици илјади туристи, сè уште постојат мирни места што како да се заборавени во времето. Овие скриени прибежишта не се уште погодени од масовниот туризам и токму затоа ги зачувуваат својата автентичност, спокојот и локалниот шарм, кои сè поретко се среќаваат.
Ако сонувате за летување на кое ќе ја почувствувате вистинската душа на Грција - со мирни плажи, едноставна, но извонредна храна, традиционални бели куќи, тесни улички и гостопримливи локалци - тогаш овие места се идеален избор за вас.
Затоа не е изненадување што сè повеќе патници бараат помалку познати агли што нудат вистинска врска со местото и луѓето.
Прочитај повеќе

Најубавите плажи на хрватските острови за љубителите на луксуз во природа
Кога зборуваме за луксуз, сè помалку размислуваме за материјални добра, а сè повеќе копнееме по искуство што ни овозможува да избегаме од секојдневниот живот.
02.08.2025

Како да заштедите до 2.000 евра по патување избирајќи „дупликат дестинација“
Годините инфлација влијаеја на цените на туристичките услуги, а со тоа и на џебот на туристите, па затоа повеќето од нив сега се обидуваат да го комбинираат убавото и прифатливото.
07.07.2025

Сè повеќе Македонци патуваат сами: Кои пет дестинации им се омилени?
Пазарот на соло-патувања урива рекорди, покажа пролетниот извештај на „Ербиенби“. Од компанијата објавија дека самостојните пребарувања на нивната платформа пораснале дури за 90 отсто.
05.07.2025

Шест нови ексклузивни хотели на грчките острови што вреди да се посетат
Посетителите се привлечени од Грција поради нејзините недопрени плажи, иконските сино-бели села, античките знаменитости и, секако, секогаш привлечната кулинарска сцена.
03.05.2025

Хрватска и Словенија со најмал раст на ноќевањата во ЕУ, Малта била најатрактивна летото
Малта е најпосетуваната земја минатото лето според бројот на ноќевања преку онлајн платформите, Словенија, Бугарија и Хрватска имале најмал раст.
08.01.2025
Дали ве привлекуваат тишината и природата, историјата и културата или, пак, активен одмор далеку од метежот, вреди да ги истражите дестинациите како Ксерокампос, Агатониси, Астипалеа, Китнос, Липси, Фолегандрос и Калимнос.
Ксерокампос
Живописно село на Крит, вистинско прибежиште за оние што бараат мирна и недопрена туристичка дестинација. Има преубави плажи, чисто море и неверојатни пејзажи, но малку се знае за него - дури нема многу информации ниту на интернет. Тоа е уште еден доказ дека Ксерокампос ги кани туристите како спокојно прибежиште далеку од метежот во врвот на сезоната. Сепак, нема да ви биде здодевно - нуркањето и риболовот се многу актуелни, како и природните спа-третмани на плажата Аргилос, со користење глина.
Исто така можете да пешачите по околните ридови и да го истражите кањонот Кацунаки, кој е во близината на Ксерокампос. Има неколку локални таверни што служат вкусна грчка и критска кујна, со многу свежа риба, додека селото има минимаркет за основни потреби. Овде можеби нема луксузни ресорти, но сместувањето е комфорно, главно семејно, а природниот луксуз во кој ќе уживате навистина нема цена.
Агатониси
Најсеверното островче од Додеканезите, на истокот од Грција, според последните процени има помалку од 210 жители и зрачи со тишина и традиционална атмосфера. Ако посакувате пасивен одмор, прошетка низ тивки улички меѓу типичните бели куќи и капели, со многу природа, тогаш Агатониси е местото за вас. Треба да се напомене дека ова островче е дел од „Нејчр 2000“ (Natura 2000), мрежа на заштитени подрачја во ЕУ, што ги опфаќа највредните и најзагрозените видови и живеалишта.
На пример, Агатониси се смета за рај за набљудување птици, па ако сте фотограф или креатор на дигитални содржини во потрага по нова инспирација, времето поминато на Агатониси може да ви донесе нови идеи, па дури и деловни ангажмани. Островот е познат и по храна како јагне на традиционален начин, свежа риба и морски плодови, како и домашни слатки (пити со сирење или мед). Има мирни заливи и многу археолошки локалитети.
Астипалеа
Астипалеа е остров во источна Грција, познат и како пеперутка на Егејот по својот карактеристичен облик. Се наоѓа помеѓу Кикладите и Додеканезите и има уникатна архитектура и шарм - со бели куќи и ветерници. На туристите им нуди кристално чисти води, преубави плажи и живописни патеки опкружени со зелени ридови. Центарот на островот (грчки Чора) е преубаво село сместено на рид со поглед на Егејско Море, познат по тесните улички, црквата со сини куполи, ветерниците и традиционалните ресторани.
Но Астипалеа го има својот адут со електричната мобилност. Групацијата „Фолксваген“ и Грција го избраа токму овој остров за заеднички пионерски проект: идејата е преку заеднички активности Астипалеа да стане модел за климатски неутрална мобилност. Замената на постојниот транспорт со електрични возила се одвива постепено, во рамките на план што започна во 2021 година и треба да заврши до крајот на 2026 година. Паралелно, Астипалеа ја доби и титулата прв паметен и одржлив медитерански остров.
Китнос
Остров сместен во срцето на Западните Киклади, на само еден и пол час пловидба со траект од Атина, но сепак сосема изолиран од масовниот туризам. Шармот на Китнос е во едноставноста и автентичноста: тука нема бучни клубови и преполни плажи, туку мирни села, кривулести калдрмисани улички и насмеано локално население, кое живее мирно. Но тоа не е сè.
Островот е познат и по своите природни топли извори во местото Лутра, каде што уште од античко време богати Атињани доаѓале да се релаксираат и да лекуваат ревматски тегоби. Денес, покрај во модерен спа-центар, сè уште можете да уживате во традиционални базени со лековита вода под отворено небо, веднаш до морето. Китнос има повеќе од 70 плажи, а најпозната е Колона, песочен теснец што го поврзува островот со мало полуостровче.
Sfougato / Depositphotos
Гастрономската понуда е едноставна, во согласност со целата динамика на Китнос, но врвна: сервираат традиционално грчко јадење сфугато, печени риби и домашно вино, а задолжителна е и питата со мед - патсавуропита.
Липси
Уште еден мал, мирен и автентичен грчки остров во Додеканезите, сместен помеѓу Патмос и Лерос, идеален за оние што сакаат да побегнат од метеж и комерцијализација. Липси е познат по свежи лигни, октоподи, јастози и домашно слатко вино со истото име, по што се препорачува „акција“. Островот има кратки пешачки патеки што водат кон видиковци и скриени плажи, а околу него има и мали ненаселени островчиња, кои можете да ги посетите со чамец.
За љубителите на историјата, има голем број мали манастири и цркви, од кои некои датираат уште од раниот христијански период. Главното село, Липси Таун, ја отсликува автентичната грчка атмосфера: бели фасади со сини прозорци и мали таверни во кои домаќините лично приготвуваат свежи локални специјалитети.
Зошто спаѓа во редот на скриени драгоцености на Грција? Бидејќи Липси е речиси недопрен. Тука ќе најдете тиркизни заливи, мирни песочни плажи како Плати Гиалос и Хохлакура.
Фолегандрос
Ве водиме и низ неодоливата атмосфера на кикладскиот остров, често опишуван како скриен бисер на Егејот. Се наоѓа помеѓу Санторини и Сикинос, но за разлика од својот славен сосед, Фолегандрос ги зачувал тишината и автентичноста.
Островот е познат по спектакуларните пејзажи и стрмните карпи, кои како да се лизгаат во длабокото сино море. Агали, Агиос Николаос, Ливадаки и Катерго се плажи до кои се стигнува пеш или со чамец, а бидејќи Фолегандрос има мрежа добро означени патеки што ги поврзуваат селата, плажите и видиковците, идеален е за љубителите на активен одмор.
Залезот на сонцето од Панагијата, црквата над Хора на Фолегандрос, е еден од највпечатливите во Грција, без метеж како на Санторини. Слично како Агатониси, рај за набљудување птици и природни фотографи, ова кикладско островче е идеално за фотографи, планинари и сите што сакаат да ги истражуваат природните убавини.
Што се однесува до деликатесите, островот е познат по тестенини со свежо месо и домашно сирење, како и по локалните вина и слаткото од лубеница наречено карпузопита.
Калимнос
Овој остров во Додеканезите е како создаден за алпинисти, бидејќи има стотици добро опремени карпи и качувачки локации со различна висина, со неверојатни погледи кон Егејско Море. Качувањето овде е врвен спорт, но Калимнос е познат и по долготрајната традиција на нуркање по морски сунѓери (грч. σφουγγάρια), што и денес е начин на живот. За тоа најмногу можете да слушнете од локалното население во таверните и музеите.
Освен качување и нуркање по морски сунѓери, тука се и прошетки по патеките низ природата, кајак и нуркање со маска. Значи, можеме да кажеме дека Калимнос е најпривлечен за љубителите на адреналин и активен одмор од сите овие скриени места. Од друга страна, не е преполн со туристи, што значи дека можете да уживате во мирната атмосфера на островскиот живот. Гастрономската понуда е исто така традиционална и се потпира на изобилството од свежа риба.
Островот е претежно карпест, со живописни заливи и чисти недопрени плажи како Масури, Емпориос и Вличадија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...