Њујорк го надмина Лондон како поскапа локација за купување врвни станови, покажуваат новите податоци од годишниот извештај за богатство на „Најт Френк“ (Knight Frank).
Во 2022 година со еден милион долари се купувале 33 квадратни метри врвен имот во Њујорк, а 34 во главниот град на Обединетото Кралство, што е промена од 2021 година, кога Лондон беше поскапата локација.
„Силниот долар имаше влијание и ја зајакна позицијата на Њујорк, но примарните цени таму беа зголемени за 2,7 отсто минатата година, а за 1,5 процент во Лондон, така што гледаме малку побавен раст во британската престолнина“, вели Кејт Еверет-Ален, глобална шефица на станбени истражувања во „Најт Френк“, која додава дека имотите на двата пазара се привлечни за купувачите со ултрависока нето-вредност како заштита од инфлација.
Прочитај повеќе
Цените на недвижностите во Сиднеј пораснаа првпат во 13 месеци
Цените на становите во Сиднеј се искачија за 0,3 проценти во февруари, за првпат од јануари 2022 година.
28.02.2023
Каков стан можете да купите за 100.000 евра во Македонија?
Во скопски Центар за 100.000 евра може да се купи стан од 50 до 60 квадрати.
28.02.2023
Цените на куќите во Британија паѓаат со најсилно темпо од 2012 година
Просечната цена на домот падна за 1,1 отсто во споредба со истиот месец пред една година.
01.03.2023
„Нестабилноста во другите класи на средства, како што се акциите и криптовалутите, ја истакнува привлечноста на сопственоста на недвижности, особено на безбедни локации како Лондон и Њујорк“, вели таа.
Според извештајот, Монако ја задржа титулата како најскап станбен пазар, со тоа што еден милион долари на купувачите им носат само 17 квадратни метри. Следува Хонгконг со 21 квадратен метар, а трет е Њујорк.
Некои од најевтините градови нагласени во извештајот се Сао Паоло со 231 квадратен метар и Кејптаун со 218 квадратни метри што може да се купат за еден милион долари.
Кога станува збор за вкупната врвна продажба од 10 милиони долари или повеќе, Њујорк, Лос Анџелес и Лондон водат во пакетот, при што Њујорк е на врвот на листата.
Овој пазар на луксузни недвижности уживаше рекордна година во 2021-та, со 2.076 продажби од над 10 милиони долари. Во 2022 година продажбата во таа категорија падна на само 1.392 на десетте пазари заедно што се вклучени во извештајот. Сепак, тоа е за 49 проценти повеќе од 2019 година.