Планот за раст за Западен Балкан e одлична можност за пристап до европскиот eдинствен пазар, а земјите од регионот со реализацијата треба двојно да го зголемат БДП по жител во следните десет години, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О'Брајан, по состанокот на лидерите од регионот посветен на планот за раст на Западен Балкан, усвоен од ЕУ. Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во наредните денови ќе се потпишат два протокола што се важни за почнување спогодба за слободен пристап до пазарот на работната сила во Тирана, Скопје и во Белград, а дека тоа ќе почне да важи од 1 март, иако првичната намера беше да профункционира уште од јуни минатата година.
Ковачевски изјави дека БДП ќе се зголеми од просечни 6.000 евра по жител во регионот на просечни 12 илјади евра по жител во следните десет години.
„Денес фокусот го ставивме на два од четирите столба на планот за раст за Западен Балкан на ЕУ, и тоа на заедничкиот регионален пазар и европскиот единствен пазар, и тоа од неколку причини. Тие играат клучна улога во ослободувањето на економскиот потенцијал на регионот. Ќе ги отворат вратите за локалните бизниси и работници кон регионот и кон Европа, а наедно и ќе го направат регионот попривлечен за европските и светските инвеститори, рече Ковачевски. „Преку прифаќање и примена на стандардите на ЕУ, заедничкиот регионален пазар ќе дејствува како отскочна штица кон европскиот единствен пазар“.
Прочитај повеќе
Се ситни времето за милијардите од ЕУ за Западен Балкан
Претставници на шесте земји од Западен Балкан се на состанок во Скопје.
22.01.2024
Поставени рокови за Планот за раст од ЕУ, на Македонија и следуваат 860 милиони евра
Првичните елементи на реформските агенди треба да бидат испратени до ЕК во текот на наредниот месец.
23.11.2023
Продуктивна дебата на првиот состанок за планот за Западен Балкан од шест милијарди евра
Планот треба да ги удвои економиите на земјите од регионот, така што од моменталните шест илјади евра просечен БДП по жител, за десет години да биде 12 илјади евра.
17.11.2023
Тешко до милијардите од ЕУ со нивните услови и нашата „способност“
Треба да се има предвид дека треба време за да се спроведат предвидените постапки, па да се создадат услови за повлекување средства од инструментот
15.11.2023
Клучот до милијардите од ЕУ
Дали планот за раст и предвидените средства реално отвораат можност за брз воз кон ЕУ?
29.11.2023
Премиерот изјави дека станува збор за регионална економија со нешто над 100 милијарди евра БДП и 17 милиони жители, која претендира да се приклучи на пазар од 450 милиони жители, со БДП над 15 трилиони евра. БДП на земјите од регионот во однос на ЕУ е само 0,6 отсто. „Наедно, со воспоставувањето и зајакнувањето на воспоставениот регионален пазар се очекува нашите економии да пораснат за околу 10 отсто“, рече премиерот Ковачевски.
Вучиќ изјави дека отворањето на пазарот на трудот е одлична и важна вест и дека тоа на многу начини ќе придонесе за создавање поквалитетно деловно опкружување и за домашните и за странските компании, за надминување на проблемот со недостигот од работна сила.
Според него, тоа значи создавање пазар на труд што не е 6,7 милиони жители (само Србија), туку околу 11 милиони со Албанија и Северна Македонија.
Зелени коридори и заедничка платежна област
Помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајан, на обраќањето пред лидерите од Западен Балкан порача дека ако некоја од земјите во регионот сака да ги забави реформите, може да го направи тоа и за таа политика ќе решат граѓаните таму. Но, ако сака да блокира други во евроинтеграцијата, тоа нема да помине.
„Во овој процес никој не му става вето никому. Сите работат сами и никој не може да ги забави. Ако некои земји сакаат да чекаат, нивните граѓани треба да решат за тоа, рече Џејмс О’Брајан.
Тој потоа посочи што практично треба да работат и да решат денеска учесниците на состанокот, набројувајќи две цели.
Првата цел, според него, е да ги идентификуваат специфичните иницијативи што ќе бидат видливи и корисни за бизнисите во регионот, посочувајќи ги тука заедничката платежна област и зелените коридори. Според него, досега камионите од регионот трошеле 80 отсто од времето за транспорт за чекање на границите на Западен Балкан и, иако има напредок, треба да се понудат нови решенија како состојбата да биде уште подобра.
Втората цел, според него, е да развијат механизми како да се остварат целите што ќе ги постават и во тој контекст го кажа ставот дека практично ветото ќе стане мислена именка меѓу земјите од Западен Балкан, односно дека нема да се дозволи да се повтори тоа што ѝ го прави Бугарија сега на Македонија ако некоја од земјите во регионот отиде понапред во процесот.
Планот за раст на Западен Балкан беше усвоен од Европската комисија на 8 ноември и со него се предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра за периодот 2024 - 2027 година. Од овие средства, две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се концесиски заеми обезбедени од ЕУ. Целта на планот е поттикнување на економскиот раст и забрзување на социоекономската конвергенција.
Подолу заедничката изјава во 11 точки.