Адриа

Цариќ: Задолжете се што поскоро и тоа со фиксна каматна стапка

Автор: Vesna Damjanić

19. Септември 2022, 11:26

Српскиот финансиски аналитичар Славко Цариќ вели дека сите каматни стапки почнале да растат

Прашањето за земјите од регионот не е колку ќе се задолжат, туку колку ќе можат да се задолжат

Vesna Damjanić

Српскиот финансиски аналитичар Славко Цариќ изјави дека главното прашање за Србија и за земјите од регионот во наредниот период ќе биде колку ќе можат да се задолжат за да ги покријат буџетските дефицити предизвикани пред сè од големите расходи за енергија.

„Трошоците за финансирање пораснаа, особено за земјите од регионот, така што поентата нема да биде колку ќе се задолжиме, туку колку ќе можеме да се задолжиме, колку ќе најдеме пари што се подготвени да дојдат и да се инвестираат во националниот долг на земјите од регионот“, рече Цариќ.

Според него, препораката би била „задолжете се што поскоро и со фиксна каматна стапка, бидејќи сите камати одат нагоре“.

Цариќ вели дека им препорачува на државите да се задолжуваат преку инструменти кои им се достапни, односно можат да продаваат во договор и дослух со инвеститорите, како што неодамна направи Србија.

„Имавме неколку пласмани, еден приватен и еден во меѓудржавен договор со Емиратите, Србија покажа како се прави тоа“, посочи тој.

Цариќ нагласи дека од почетокот на годината доларот пораснал за 10 до 12 отсто и посочи дека српскиот долг, ако се гледа во евра, пораснал за исто толку.

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 2 часа

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија