Босна и Херцеговина е една од ретките европски земји која е 100 отсто зависна од „Гаспром“ и рускиот гас. Турски тек ја снабдува Република Српска со гас од 1 јануари 2021 година, а Федерацијата Босна и Херцеговина од 1 април истата година.
И покрај директното противење на „БХ Гас“ (BH Gas) и „Енергоинвест“ (Energoinvest), договорот потпишан со унгарскиот ФГСЗ (FGSZ Natural Gas Transmission) врз основа на гаранциите на Владата на ФБиХ (за снабдување преку Украина, а не преку Турција) е прекршен, според документите и електронската пошта во кои „Блумберг Адрија“ имаше увид.
Поради предвремено раскинување на договорот од „Енергоинвест“ и „БХ Гас“ за снабдување со гас преку Украина и точката Берегово, ФГСЗ покрена арбитражна постапка против Владата на ФБиХ, „Енергоинвест“ и „БХ Гас“ во 2021 година пред арбитражниот суд во Цирих. ФГСЗ врз основа на договорот бара отштета од 23 милиони американски долари.
„Гаспром“ ја искористи својата доминантна позиција во Босна и Херцеговина, бидејќи БиХ увезува само руски гас, и го пренасочи поранешното снабдување на БиХ преку Украина, кон Турција.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.