text size
Десетгодишното членство во Европската Унија (ЕУ) ја направи хрватската економија поконкурентна и го приближи стандардот на Хрватите до тој на граѓаните од развиените земји-членки, а сите придобивки од влезот во еврозоната и во Шенген ќе ги почувствуваат допрва, во наредните години, главно преку подобар прилив на странски инвестиции. Ова се главните пораки на конференцијата на „Блумберг Адрија“, под наслов „Спојување, инвестирање, развој“ (Merge, Invest, Develop), која се одржа вчера во Загреб по повод 10-годишнината од членството на Хрватска во ЕУ.