Растот на БДП во вториот квартал во Србија изнесува четири отсто, соопшти републичкиот завод за статистика.
Поглем дел од земјите се борат со проблемите заради војната во Украина, а проекциите за инфлацијата и растот се неизвесни. Прогнозите за Европа за наредниот период се разликуваат. Додека земјите на југот ги собираат плодовите од летната сезона, проекциите за подоцнежниот период се намалуваат затоа што енергетската закана од Русија, долготрајните проблеми со понудата и рекордната инфлација ги намалуваат побарувачката и производството.
„И покрај забавувасњето на економската активност во светот, Србија во првиот квартал оствари реален раст од 4,4 отсто, а во вториот тој ќе изнесува најмалку нчетири отсто. Индустриското производство и покрај конфликтот во Украина е поголемо од очекуваното, извозот исто така, а растот на БДП е движен од услугите претежно во приватниотт сектор и тоа ИКТ, сообраќај, туризам, угостителство...“, изјавија од НБРМ за Блумберг Адриа.
Во Македонија се очекува забавување
Во земјава рано е за прогнози за растот во вториот квртал. Тие податоци ќе бидат објавени наесен. Растот во првиот квартал изнесува 2,4 отсто.
Но, анкетата на Народната банка за очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2022 ‒ 2024 година, објавена на почетокот на минатиот месец покажува мала надолна ревизија во однос на очекуваниот раст на БДП.
Очекувањата на испитаниците во оваа анкета упатуваат на малку понизок раст во 2022 година, којшто би изнесувал 1,5 проценти (2 проценти во претходната анкета), а малку понизок раст од 2,9 проценти (3,1 проценти во претходната анкета) се очекува и во 2023 година. За 2024 година, испитаниците и во оваа анкета очекуваат раст од 3,5 проценти.
Податоците за индустриското производство за годинава покажуваат благ раст во однос на лани од 2,5 отсто, но во јуни тоа стагнирало.
Бројките за извозот пак иако и натаму се во пораст покажуваат дека се зголемува трговскиот дефицит
Од последните бројки за реализација на буџетот во првата половина на годината пак, експертите веќе гледааат забавување на економската активност уште во вториот квартал.
„Реализацијата на буџетските приходи во однос на проектираните со ребалансот покажуваат реализација пониска од 50 отсто, особено кај ДДВ и персоналниот данок, што може да биде ран знак за благо забавување на економијата уште во вториот квартал во контекст на тековната криза поттикната од руско-украинсккиот конфликт. Но, за поиздржана анализа ќе треба да ги почекаме буџетските бројки за понатамошните месеци бидејќи некои остварувања од првата половина на годината се и рефлексија на владините мерки за даночни царински и акцизни ослободувања кои беа на сила“, вели професорот на Американ Колеџ, Марјан Петрески во изјава за Блумберг Адриа.
Текстот е напишан во соработка со Александра Ненадовиќ, Блумберг Адриа Србија