text size
САД подготвуваат нов економски удар врз Иран, а министерот за финансии Скот Бесент најавува мерки какви што, според него, досега не се видени во економската изолација на една држава. Техеран, сепак, преживеа 47 години санкции без да се откаже од своите клучни позиции, а само од 2018 година САД воведоа околу 2.200 санкции. Аналитичарите оценуваат дека ако досегашниот притисок не ја скршил волјата на Иран, малку е веројатно дека дополнителни слични мерки ќе донесат пресврт.