text size
Министерот за финансии Скот Бесент остро ги критикуваше американските технолошки компании кои ги зголемуваат инвестициите во вештачка интелигенција (ВИ), поради тоа што не успеале да изградат врски со заедниците во услови на зголемен јавен притисок и загриженост околу влијанието на податочните центри врз екологијата и трошоците за живот.
Трошењето за ВИ, а особено изградбата на центри за податоци, придонесе за притисоците врз цените, почнувајќи од трошоците за комунални услуги до меморијата со висок пропусен опсег што се користи во многу производи за потрошувачка електроника.
Добро утро, ви пишува Игор Петровски од дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“, ова се петте вести за почеток на денот:
Нови правила за амбалажата и отпадот од неа во ЕУ - што треба да знаат македонските извозници
Минимум штетни супстанции, збогум на лажните големи подароци, сопствени садови и чаши во рестораните, повторна употреба на амбалажата на производите „за носење“ се само дел од новите правила на Европската Унија за пакување и отпад од пакување. Некои од правилата се применуваат од 12 август, другите ќе се применуваат постепено во следниот период.
Според новите правила, амбалажата мора да биде дизајнирана така што ќе содржи минимум штетни супстанции, со цел да се заштити животната средина. Пакувањето треба да биде за повеќекратна употреба односно да може повторно да се наполни без да се наруши квалитетот на производот.
Како работат македонските фармацевтски компании годинава во споредба со регионалниот лидер
Двете македонски фармацевтски компании котирани на Берзата, „Алкалоид“ и „Реплек“ имаа прилично успешно прво полугодие, од тоа што видовме во нивните финансиски извештаи. „Алкалоид“ АД Скопје во првите шест месеци има консолидирани приходи 10,8 милијарди денари (176,1 милиони евра), што е раст од три проценти во однос на истиот период лани. Компанијата во периодот има консолидирана нето-добивка од 890,5 милиони денари (14,4 милиони евра), што е зголемување од четири проценти за една година.
„Реплек“, помалата македонска фармацевтска компанија, во првите шест месеци оствари консолидирана нето добивка од 108 милиони денари (1,7 милиони евра), што е благо намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесуваше 130 милиони денари (2,1 милиони евра.
ЕТФ-шема тешка 40 милијарди долари им помага на странските инвеститори да ги избегнат даноците во САД
На секои три месеци, како по правило, инвеститорите повлекуваат 40 милијарди долари или повеќе од ЕТФ (фонд кој се тргува на берза) на „Блекрок“ (BlackRock Inc) кој го следи S&P 500 и поголемиот дел од нив го депонираат во речиси идентичен производ на „Вангард Груп“ (Vanguard Group). Неколку дена подоцна тие спроведуваат обратна трансакција, а парите се враќаат во спротивна насока.
Шемата е толку голема што дури и на американскиот ЕТФ пазар тежок 16 билиони долари се издвојува и е толку сигурна што е можно со сигурност да се предвиди кога ќе се случи следниот пат (средината на септември). Причината? Како и со многу други работи во бизнисот со ЕТФ-ови, сè е поврзано со даноците.
Технологијата треба да паѓа кога каматните стапки растат - зошто се случи спротивното?
Кога каматните стапки почнуваат да растат, инвеститорите инстинктивно го бараат „безбедниот“ дел од пазарот, односно го насочуваат својот фокус кон сектори кои, според економската логика, треба подобро да се справат со поскапите пари.
Проблемот е што оваа логика не е секогаш толку едноставна како што изгледа на прв поглед, а историјата покажува дека однесувањето на одредени сектори се менува со текот на времето.
Сѐ повеќе работници во САД добиваат награда во акции
Наградите во акции некогаш беа резервирани за највисокиот менаџмент, или пак за првите вработени во поедини стартапи и сл. Но веќе не е така. Новите продажби на акции и меѓународните даночни прописи ги тераат американските компании да ги прошират овие опции на повеќе обични работници.
Бројот на вработени во продажба кои добиваат пакети акции се зголеми за речиси 30 отсто од средината на 2025 година, според анализата на 8.000 грантови за вработени од 480 компании од платформата за платформата за следење на платите, „Диил“ (Deel). Маркетинг тимовите забележаа зголемување од 24 отсто во истиот период, додека придобивките за софтверските инженери, вработените аналитика на податоци и во услуги за корисниците биле нешто поскромни.