text size
Обилните врнежи од дожд викендов предизвикаа поплави и свлечишта во неколку региони во Македонија. Од Центарот за управување со кризи вчера информираа дека во Кичево поради поплавени домови е извршена евакуација на околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“.