Европа

Макрон до фирмите: Не потпишувајте договори за струја по 'луди' цени

Извор: James Regan/Bloomberg

22. Септември 2022, 13:47

Властите работат на смирување на пазарите потресени од енергетската криза

„Не потпишувајте денес“, им порача францускиот претседател на малите и средните бизниси

Макрон до фирмите: Не потпишувајте договори за струја по 'луди' цени

Bloomberg Mercury

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика малите и средните бизниси да не се согласуваат на нови договори за струја по „луди цени“ додека властите работат на смирување на пазарите потресени од енергетската криза.

„Не потпишувајте денес“, рече Макрон за BFM TV во интервју емитувано денеска, алудирајќи на обидите да се натераат компаниите да се обврзат на ревидирани договори за електрична енергија.

„Ние сме во процес на повторни преговари за цената на струјата и гасот со цел да ги направиме пазарите повторно функционални“, рече тој. „Во следните недели ќе обезбедиме Европа колективно, со помош на Американците и другите, да се врати на поповолни цени и да дадеме транспарентност во цените на гасот и електричната енергија, така што сето тоа би било подносливо“, додаде францускиот претседател.

Макрон рече дека домаќинствата и деловните субјекти ќе можат да ја минат зимата без рационализирање сè додека секој ја игра својата улога и ја намалува потрошувачката, додавајќи дека „нема потреба за паника“.

Франција ќе продолжи да извезува гас за европските соседи кој доаѓа главно од Норвешка преку пристанишните терминали, нагласи Макрон во интервјуто, направено во авион на враќање од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во исто време, Франција „ќе увезува електрична енергија затоа што имаме потешкотии, во моментот имаме недоволно производство во споредба со она што треба да го правиме“, рече тој.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија