Енергетската криза во Европа би можела да продолжи до крајот на 2023 година, бидејќи континентот се бори со силна побарувачка и намалена понуда, влошена од руската војна во Украина, според Energy Aspects Ltd.
„Ова не е приказна за една зима“, смета Амрита Сен, главна аналитичарка за нафта во консултантска компанија која се бави со таа индустријата, во интервју за телевизјата Bloomberg. Русија е потребна за да се балансира пазарот, не само за претстојната зима, туку и потенцијално за студеното време што ќе дојде на крајот на следната година, додаде таа.
Руската инвазија на Украина направи пресврт во енергетските текови, што се почувствува на светските пазари, зголемувајќи ги цените на природниот гас во Европа и предизвикувајќи драстични мерки како што е германската национализација на нејзиниот најголем увозник. Се очекува нафтата да забележи дополнителна нестабилност во четвртиот квартал, под влијание на различни фактори, вклучително и загриженоста од можната рецесија и затворањето на Кина поради коронавирусот, вели Сен.
Прочитај повеќе
Цените на нафтата скокнаа откако Путин објави мобилизација
Откако рускиот претседател нареди делумна мобилизација за задржување на окупираните територии во Украина, цената на нафтата порасна.
21.09.2022
Национализацијата на УНИПЕР нема да биде последна во Европа
Може да има повеќе вакви интервенции затоа што со високите цени на енергијата не можат да бидат пренесени на потрошувачите
21.09.2022
Нафтата најверојатно ќе се тргува на околу 90 долари на краток рок пред да порасне на околу 120 долари за барел до крајот на годината, посочува таа. Глобалниот репер на нафтата „брент“ во петок е близу до 90 долари, при што цените се речиси 30 отсто пониски од нивниот врв во јуни.
Клучниот развој на пазарот што го набљудуваат инвеститорите е предложеното ограничување на цените на руската сурова нафта и колку дополнителна нафта од производителите на ОПЕК+ може да апсорбираат Кина и Индија кога во декември ќе стапи на сила забраната за увоз на Европската унија. Сен вели дека најголемите потрошувачи во Азија имаат капацитет да земат дополнителни барели, но потенцијални банкарски санкции би можеле да го ограничат протокот.
„Очекуваме многу повеќе руска нафта која ќе стигне во Азија, да биде повторно етикетирана и на тој начин да најде пат до домовите“, рече таа. „Но, тоа значи дека многу бродови ќе бидат зафатени со големи количини нафта“, нагласува аналитичарката во Energy Aspects Ltd.