text size
Германската економија веројатно стагнираше во последното тримесечје од 2022 година, намалувајќи ги стравувањата дека војната во Украина и зголемената инфлација предизвикаа рецесија. На годишно ниво производството се зголеми за 1,9 отсто, објави денеска националното статистичко биро. Тоа, секако, претставува намалување од растот од 2,6 проценти постигнат во 2021 година. Остварената стапка на раст е нешто над процената од 1,8 отсто во истражувањето на „Блумберг“, додека економистите предвидуваа пад од 0,5 отсто за четвртиот квартал.