text size
Повеќе од четврт век немало француски претседател што не се обидел да го промени државниот пензиски систем, па ни Емануел Макрон не е исклучок. Францускиот лидер, кој беше реизбран минатата година за втор петгодишен мандат, се обидува да го избрише дефицитот на пензискиот систем и да ја поттикне економијата со зголемување на минималната возраст за пензионирање. Како и сите негови претходници, тој исто така мора да се соочи со синдикатите, кои се решени да ја спречат промената со штрајкови и масовни протести. Проблематиката ја појаснуваме преку седум клучни прашања.