text size
Банката на Англија - БоЕ (Bank of England - BoE) планира да ги намали трошоците за работата во делот на климатските промени и да ги пренасочи парите кон основните функции поради зголемените притисоци врз нејзините трошоци. Климатските програми ќе се спуштат подолу на агендата на централната банка, за да можат официјалните лица повеќе да се фокусираат на основните операции, како што се финансиската стабилност, пазарите и дигиталните валути, информира лице запознаено со ситуацијата, кое побара да остане анонимно.