Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис им понуди на земјоделците пониски цени за електрична енергија во следните 10 години, во обид да ги реши нивните проблеми и да избегне масовни протести во Атина.
Протести има низ целата земја, блокирани се автопатиштата и неколку градови. Претставниците на фармерите се заканија дека ќе ги однесат своите трактори на улиците на главниот град, бидејќи земјоделството станува клучно бојно поле во Европа и пошироко.
„Тука сме да најдеме решенија и на овој состанок пристапуваме со добра волја“, рече Мицотакис на почетокот на разговорите во вторникот во Атина, повикувајќи на компромис бидејќи фискалните можности се „ограничени“.
Прочитај повеќе
Земјоделците од Белгија протестираат пред седиштето на ЕУ
Протестите се дел од поширокиот бран протести на земјоделците во Франција и низ Европа
01.02.2024
Земјоделците во Франција се подготвуваат за опсада на Париз
Премиерот Габриел Атал вети дополнителни мерки за справување со кризата
28.01.2024
Владата подготвува поддршка, земјоделците ќе го блокираат Париз
Идејата е ниту еден камион да не може да го снабди главниот град
27.01.2024
Протестите во Германија го ставаат под ризик снабдувањето со нафта
Пристапот до комплексот за преработка на нафта „Баерноил“ бил попречен
08.01.2024
Планот на Мицотакис да ги намали трошоците за производство вклучува пониски сметки за електрична енергија за следната деценија почнувајќи од април, велат од неговиот кабинет. Друга мерка е исплатата на првата рата од повратот на данокот на гориво во март.
Грчките земјоделци бараат даночни олеснувања и повторно преговарање за заедничката земјоделска политика, програмата за субвенционирање на Европската унија. Велат и дека не им се целосно обесштетени штетите од минатогодишните поплави во регионот на Тесалија, најголемата земјоделска површина во Грција.
Демонстрантите неодамна се собраа во Париз со приколки и со трактори и ги блокираа улиците на Брисел во близина на институциите на ЕУ, а протести имаше и во земји како Германија, Полска и Италија. Проблемите вклучуваат вртоглаво зголемување на трошоците, растечка бирократија, нови регулативи на ЕУ за Зелениот договор и увоз што ги разредува нивните пазари.
Грчката влада инсистираше на тоа дека нема да ја загрози фискалната рамнотежа, која пазарите и инвеститорите внимателно ја следат додека нацијата излегува од повеќедецениската должничка криза. Атина вети дека ќе го зголеми примарниот буџетски суфицит на 2,1 отсто од економското производство оваа година, од 1,1 отсто во 2023 година.
Во последните недели Мицотакис најави голем број мерки за земјоделците, како што е продолжување на попустот на данокот на гориво за една година. Овој потег ќе ја чини владата 82 милиони евра (89 милиони долари). Тој рече и дека првичната оштета за настраданите елементарни непогоди ќе биде ограничена на 10.000 евра наместо досегашните 2.000 евра.