Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција денеска неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13 часот по грчко време, односно 12 часот по македонско, и во периодот додека трае протестот се очекува сообраќајот на граничниот премин да биде блокиран неколку часа.
Граничниот премин Ники, според локалните медиуми, ќе биде затворен во периодот од 12 до 16 часот по грчко, односно од 11 до 15 часот по македонско време.
Прочитај повеќе

Зошто Македонија е единствената земја што има нафтовод, а не го користи?
Поквалитетна нафта и намалување на трошоците за транспорт се некои од придобивките што ќе ги има државата.
20.02.2024

Мицотакис предлага олеснувања за земјоделците за да спречи протести во Атина
Земјоделците ќе плаќаат поевтина струја во следните 10 години
13.02.2024

Грција ќе го подигне прагот за добивање златни визи во атрактивните области
„Разговараме за зголемување на прагот за сите области каде што има значителен притисок за изнајмување“, рече грчкиот премиер.
10.02.2024

Земјоделците од Белгија протестираат пред седиштето на ЕУ
Протестите се дел од поширокиот бран протести на земјоделците во Франција и низ Европа
01.02.2024

Земјоделците во Франција се подготвуваат за опсада на Париз
Премиерот Габриел Атал вети дополнителни мерки за справување со кризата
28.01.2024

Владата подготвува поддршка, земјоделците ќе го блокираат Париз
Идејата е ниту еден камион да не може да го снабди главниот град
27.01.2024
Причината за денешните интензивирани активности на земјоделците во Грција е состанокот во Брисел на министрите за земјоделство на Европската Унија на кој ќе се дискутира за новата заедничка земјоделска политика.
Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците одлучија дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, оние од северна Грција останаа најактивни и секојдневно во периодот меѓу 20 и 22 часот по локално, односно меѓу 19 и 21 часот по македонско време периодично го затвораа граничниот премин Евзони (Богородица), како што беше случај и вчера.
Претседателот на земјоделското здружение од областа Пајонија, Томас Карипидис, кој наедно и ги предводи активностите на граничниот премин, во разговор со дописничката на МИА од Атина вчера рече дека на Евзони се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни и објасни дека за денеска е планиран „голем земјоделски собир на граничниот премин“, кој, според него, ќе започне околу 13 до 13.30 часот и ќе заврши во зависност од тоа колку говори ќе има, „но сигурно ќе трае два-три часа“.
„Секако дека ќе биде затворен граничниот премин, ќе има многу народ, ќе биде големо учеството со земјоделски возила“, истакна Карипидис, објаснувајќи дека блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот.
Земјоделците веќе над еден месец се активни во цела Грција и бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред речиси две седмици им беа соопштени дополнителни мерки, тие изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.
Нашите барања се познати, енергијата, трошоците за производство, трошоците за снабдување и сето она што го засега секој регион поединечно, барања за кои не добивме обврзувачки одговори дека ќе се исполнат во блиска иднина. И затоа остануваме на нашите блокови, без да направиме чекор кон отстапка“, рече вчера за МИА претседателот на земјоделското здружение од областа Пајонија, Томас Карипидис.