Со доаѓањето на јуни веќе почнува летната туристичка сезона и на големо се кројат планови и подготовки за годишните одмори. За дел од граѓаните што ќе отпатуваат на планираните дестинации со своите автомобили големо влијание врз буџетот одвоен за летниот одмор ќе имаат трошоците за гориво. Затоа, добро е да се знае како се движат просечните цени на горивата во регионот и во ЕУ, бидејќи со добро планирање и искористување на разликите во цените на горивата од земја до земја може да се заштедат доволно пари за покривање други трошоци.
Без разлика на тоа каде патуваат, на македонските граѓани најмногу им се исплати да ги наполнат резервоарите пред граничните премини, со оглед на тоа што цената на горивата (литар еуросупер 95 - 1,34 евро и литар дизел - 1,19 евро) е меѓу најниските во Европа. Од земјите во регионот, цени приближно ниски како и во Македонија има само во Бугарија и во БиХ.
Забележително е дека цените на горивата во Србија се повисоки отколку во Хрватска и во Словенија односно се највисоки во регионот Адрија. Карактеристично за Грција, која поради близината им е една од омилените дестинации за летните одмори на македонските граѓани, е што е една од трите европски земји со највисоки цени на еуросуперот (Грција - 1,91 евро за литар еуросупер, Холандија - 2 евра и Данска -2,03 евра). Од друга страна, Србија со просечна цена на дизелот од 1,71 евро за литар е една од трите европски земји со највисоки цени на ова гориво покрај Ирска (1,73 евро за литар) и Италија (1,72 евро за литар).
Прочитај повеќе
„Тојота“ работи на мотор што може да користи различни видови гориво
„Тојота“ претстави прототип на мотори со внатрешно согорување што можат да работат на водород, заедно со бензин и други горива...
28.05.2024
ИЕА: Нападите врз руските рафинерии може да го нарушат пазарот на дизел
Меѓународните пазари се потпираат на рускиот извоз на дизел, нафта и авионско гориво.
12.04.2024
Биогоривата чекаат закон, возилата ќе останат сериозни загадувачи
Законот за биогорива требаше да стапи во сила во јули 2022 година, но сѐ уште не е донесен.
03.04.2024
Македонците возат дизелаши, државата „нè вози“ за електричните автомобили
Македонија е единствена земја во регионот без субвенции за електрични возила.
29.02.2024
Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво
Во двете цистерни, наместо декларираното базно масло, има дизел гориво за кое увозните давачки се поголеми.
05.12.2023
Потрошувачката на енергенти порасна, добивките на македонските фирми се стопија
Пониските цени на енергентите се главната причина за намалените добивки.
06.11.2023