Европа

Половина од германските компании се борат со недостиг на работници

Извор: Jana Randow/Bloomberg

03. Август 2022, 09:54

Истражување на институтот Ifo укажува на проблем кој може да стане уште посериозен на долг рок

Недостигот од работници е особено изразен во услужниот сектор

Половина од германските компании се борат со недостиг на работници

Bloomberg Mercury

Половина од германските компании имаат проблем да најдат соодветна работна сила, што претставува закана за тамошното производство и на крајот може да предизвика дополнителна трајна штета на најголемата европска економија. Недостигот од работници е особено изразен во услужниот сектор, каде што се погодени 54 отсто од компаниите, покажува јулското истражување спроведено од познатиот минхенски Ифо институт (Ifo). Во преработувачкиот сектор 45 отсто од компаниите се пожалиле на недостиг на работна сила.

„Сè повеќе компании мора да го намалат опсегот на бизнисот бидејќи едноставно не можат да најдат доволно луѓе“, вели Стефан Зауер, кој е задолжен за пазарите на труд во институтот Ifo. „На среден и на долг рок, тој проблем веројатно ќе стане уште посериозен“, додава тој.

Рецесијата е речиси неизбежна

Германската економија стагнира во вториот квартал поради рекордната инфлација, недостигот во понудата и заканите за намалување на потрошувачката на енергија доколку Русија целосно го прекине снабдувањето со природен гас. Економистите сметаат дека рецесијата во втората половина од годината е речиси неизбежна.

Но, пазарот на трудот сè уште добро се држи бидејќи зголемувањето на невработеноста во последните два месеца е последица од вклучувањето на украинските бегалци во податоците. Официјалните податоци покажаа повеќе од 800.000 слободни работни места во јули, така што побарувачката за работници останува многу висока.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија