Кога Ласло Хањеч плати 10.000 биткоини за две семејни пици во 2010 година, тој ниту сонуваше дека создава еден вид пресвртница во светот на криптовалутите. За преминот од нарачување пица до купување луксузни вили со криптовалути не требаше многу време, а регионот Адрија има голем потенцијал да стане дел од таа функционалност.
Во Македонија, виртуелните валути немаат правен статус на пари или валута, а тоа е исто така и во Србија. Сепак, ова не значи дека, барем теоретски, услугата или производот не би можел индиректно да се плати со овој вид дигитален имот во иднина.
„Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата држава, односно не е дозволено да се плаќа со крипто-средства. Согласно со постојната регулатива, плаќањата можат да се вршат во домашната валута ‒ денарот. Безготовинските плаќања во земјава се вршат во денари преку трансакциска сметка на учесниците во платниот промет во земјата, стои на интернет-страницата на Народната банка на Македонија.
Прочитај повеќе

Рекорд на биткоинот – дојде ли време и за помалите криптовалути?
Дали стрмниот пораст на цената на биткоинот ќе биде проследен со пораст на цените на помалите криптовалути?
15.07.2025

До каде може да се искачи цената на биткоинот? Дали е време да се заработи од профитот?
Што се случува? Зошто криптовалутата, која сочинува 64 проценти од пазарната капитализација на целиот крипто пазар, добива на сила?
14.07.2025


Платформа за мемкоини собра 600 милиони долари за само 12 минути
Мемекоините кои често се поврзуваат со шеги, мемиња и славни личности, продолжуваат да уживаат во огромна популарност.
14.07.2025

Преглед на берзите: Нови царински закани, рекорди на биткоин и „Енвидија“
Биткоинот постави рекорд, а растат и другите монети, анализиравме и колкава е всушност „Енвидија“, но и каде да се инвестира годинава
14.07.2025

Биткоинот ја продолжува рекордната низа
Биткоинот и денеска продолжи со својот раст, искачувајќи се дури за 3,9 проценти, на околу 118.000 долари.
11.07.2025
Оттаму додаваат и дека крипто-средствата не ги задоволуваат карактеристиките што ги имаат суверените валути, т.е. не се единица за пресметка (на пример, не постојат економски агенти коишто ги користат крипто-средствата како пресметковна единица при составувањето на своите финансиски извештаи) и не се чувар на вредност (т.е. пазарната цена на крипто-средствата изразена во некоја суверена валута зависи од понудата и побарувачката на платформите за размена и покажува висока нестабилност во краток временски период).
Во Србија како што веќе пишуваше „Блумберг Адрија“, Законот за дигитален имот кој стапи на сила во јуни 2021 година, ги пропишува условите под кои правните лица можат да добијат лиценца за обезбедување услуги поврзани со дигитални средства. Народната банка на Србија досега издала две лиценци за обезбедување услуги поврзани со виртуелни валути (лиценците им беа доделени на берзите за криптовалути ECD и Crypto12). Но како и тука, и таму, потрошувачите сè уште не можат да платат за стоки или услуги со префрлање на криптовалути на трговец во пракса.
Во Будва продадени станови за 420 биткоини
Се чини дека Црна Гора има поинаков став за купување со криптовалути. Така, според „Форекс саџест“ (Forex Suggest), земјата е рангирана на високото петто место во светот по бројот на купувања на недвижности со криптовалути.
На пример, новина во перцепцијата на криптовалутите носи Perper.net – најголемиот блокчејн и крипто проект во Црна Гора, кој има за цел да овозможи употреба на криптовалути во секојдневниот живот. Неговиот технички директор и основач Иван Јоличиќ изјави за „Блумберг Адрија“ дека ваквите трансакции се ретки во регионот.
Промо/Ривиера Монтенегро
Црна Гора, вели тој, се издвои како пионер во регионот со продажбата на три луксузни станови во Будва за вкупно 420 биткоини (во вредност од околу 2,5-3,2 милиони долари) пред седум години. „Оваа продажба ја спроведе компанија поврзана со проектот „Дукли Гарденс“, при што крипто-плаќањето беше конвертирано во евра за време на процесот. Според компанијата, тоа беше најголемата продажба на недвижнини во Европа платена во криптовалути во тоа време. Еден од купувачите потврди дека постапката е завршена многу брзо, трансферот на средства траел само неколку минути, при што биткоините автоматски се конвертирале во евра“, објаснува Јоличиќ.
Овој случај докажа дека трансакциите со крипто недвижности се практично изводливи, што го привлече вниманието на крипто инвеститорите кон црногорскиот брег, додава тој.
Тој вели дека регионот Адрија има неколку локални и меѓународни субјекти кои ги поддржуваат криптовалутите во секторот за недвижности. „Неколку црногорски агенции отворено прифаќаат криптовалути. На пример, „МД Риалти“ (MD Realty) и „Гоумонте“ (GoMonte) рекламираат дека овозможуваат купување и продажба на недвижности за биткоин, етереум, литекоин и други монети. Тие ја истакнуваат брзината на трансакциите и пониските трошоци како предности и наведуваат дека ваквите опции стануваат сè попопуларни меѓу купувачите на станови.“
„Исто така, во Будва постои локално инвестициско здружение кое активно ја промовира употребата на дигитални валути во туристичкиот сектор - вклучувајќи хотели, марини и недвижности - во обид да ја позиционира Будва како дестинација пријателска за крипто“, вели Иван Јоличиќ.
Хрватска – Конверзија од криптовалути во евра
Хрватска е малку поинаква приказна кога станува збор за крипто-недвижности. Боро Вујовиќ, директор и основач на „Оперета риал естејт“ (Opereta Real Estate), за „Блумберг Адрија“ изјави дека технички е можно да се купи недвижен имот во Хрватска со користење на криптовалути, но не во смисла дека договорот за купопродажба да биде склучен во биткоин или друга криптовалута. „Според важечкото законодавство, првенствено Законот за облигационите односи и правилата што се однесуваат на трансакциите со недвижности, куповната цена мора да биде изразена во официјалната валута – еврото.“
XBTEUR:CUR
XBT-EUR Cross Rate
104.085,5 EUR
+3.538 +3,52%
почетна цена
100.825,5
претходна цена на затворање
100.547,5
промена од почетокот на годината
15,2241%
дневен опсег
100.687,03 - 104.892,50
опсег на 52 недели
45.206,24 - 105.695,86
Во пракса, нагласува тој, ова значи дека купувачот и продавачот можат да се договорат за размена на вредност во криптовалути, но правната важност и спроведувањето на договорот се базира на износот изразен во евра. „Значи, ако купувачот сака да плати во криптовалута, продавачот може да ја прифати, но не директно. Криптовалутата треба да се конвертира во евра.“
Тој додава дека има случаи за кои веќе пишувале и медиумите, особено во Загреб, каде што некои продавачи рекламирале недвижности со опција за плаќање во криптовалути. „Сепак, овие случаи се повеќе исклучок отколку правило и често се користат како дел од маркетиншка стратегија за привлекување внимание или одреден профил на купувачи.“
За Словенците, плаќањето со криптовалути не влијае на даночната политика
Исто така е можно да се купи недвижен имот во Словенија со криптовалути, и интересно е што данокот е ист како и во вообичаениот случај. Според „Лунар риал естејт“ (Lunar Real Estate), првата агенција во Словенија што го овозможи ова, плаќањето со криптовалути е само еден од можните методи на плаќање и не влијае на износот и плаќањето на даноците.
„Од наша страна, се наплаќа само провизија (како и со другите методи на плаќање), а врз основа на интересот за купување на имотот, потребни се основни информации: кој продава, а кој купува, што е предмет на купување, цената во евра, како и објаснување дека плаќањето ќе се изврши во криптовалута“, велат оттаму.
Потоа купувачот мора да пополни таканаречен KYC формулар, каде што го објаснува и докажува изворот на средствата. „Откако ќе се даде зелено светло, му обезбедуваме на купувачот линк за плаќање, кој го пренасочува кон веб-страница каде што може да ја избере посакуваната криптовалута за плаќање и да го изврши трансферот.“
Despositphotos
„Процесот е многу сличен на класичниот метод на плаќање со евра. Ова е и целта на овој метод. Едноставно е и безбедно, изјави Лунар.
Додава дека нема ограничување на износот на плаќање, но дека процесот варира - ако износот надминува 15.000 евра, потребна е внимателна проценка на купувачот и изворот на средства.
Патем, во ретки случаи на купување недвижности со криптовалути, доминира биткоинот, најголемата криптовалута според пазарната капитализација.
Каков е интересот за крипто-недвижности во регионот Адрија?
Иван Јоличиќ вели дека има зголемен интерес за купување со криптовалути, без оглед на фактот дека сè уште постојат ограничувања. „Интересот кај купувачите и инвеститорите за тргување со недвижности со криптовалути постои и расте, но засега „шушкањата“ и бројот на барања се далеку поголеми од бројот на склучени зделки.“
„Агентите забележуваат дека крипто ентузијастите ширум светот, а откако остварија огромни профити на „биковскиот“ пазар, почнаа да бараат начини да инвестираат дел од таа виртуелна добивка во физички средства“, објаснува тој.
Недвижноста, истакнува тој, е логичен избор бидејќи нуди постабилна вредност, која стана особено привлечна по нестабилните периоди на крипто-пазарот.
Од друга страна, Боро Вујовиќ за „Блумберг Адрија“ вели дека во Хрватска интересот во моментов е ограничен и спорадичен и зависи доста од расположението на крипто-пазарот.
„Повеќето продавачи во Хрватска претпочитаат класични трансакции во евра од правни, даночни и безбедносни причини. Значи, иако често се користи како привлечен рекламен трик, во пракса тоа е маргинален пазар“, објаснува тој.
Дали крипто-недвижностите се секојдневна појава во светот?
За потсетување, првата транскација со недвижен имот во блокчејн беше во 2017 година во Украина. Во последниве години, многу инвеститори ги претворија виртуелните монети во поопипливи недвижности. Купувањето недвижен имот со криптовалути го достигна својот врв за време на „биковскиот“ тренд во 2021 година, кога биткоинот надмина 60.000 долари.
Брок Пирс, американски претприемач и поранешен актер, познат и како независен претседателски кандидат на последните избори во САД, купи куќа вредна 1,2 милиони долари во биткоин во 2019 година. Според него, 95 проценти од вредноста на неговите средства ги имал во криптовалути. Тој бил првиот што користел биткоин за покривање на хипотека за купување недвижен имот.
Патем, најпопуларниот имот продаден за крипто беше станот на диџејот Дејвид Гета, кој го понуди на продажба за 14 милиони долари, инсистирајќи на плаќање во биткоин или етереум, пишува ECD.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...