Европа

Банката на Англија со највисока каматна стапка во последните 27 години

Извор: David Goodman, Libby Cherry/Bloomberg

04. Август 2022, 14:53

Зголемување за 0,5 процентни поени на 1,75 отсто

Банката на Англија со највисока каматна стапка во последните 27 години

Bloomberg

Банката на Англија (BOA) го направи своето најголемо зголемување на каматните стапки во последните 27 години и предупреди дека Велика Британија се движи кон повеќе од едногодишна рецесија под тежината на зголемената инфлација.

Зголемувањето за 0,5 процентни поени на 1,75 отсто, предвидено од повеќето економисти, во четвртокот беше поддржано од осум од деветте креатори на политиките на централната банка, кои исто така уверија дека и во иднина ќе дејствуваат агресивно доколку е потребно.

„Комитетот ќе биде особено внимателен на индициите за почести инфлациски притисоци и доколку е потребно ќе дејствува агресивно како одговор“, изјави гувернерот Ендрју Бејли пред новинарите во Лондон. „Сите опции се на маса за нашиот септемвриски состанок и понатаму“, додаде тој.

BOE, исто така, ја зголеми својата прогноза за врвот на инфлацијата на 13,3 отсто во октомври во услови на пораст на цените на бензинот, и предупреди дека цените ќе останат зголемени во текот на 2023 година. Тоа ќе ја заостри кризата со трошоците за живот што ќе доведат до намалување на реалните расположливи приходи повеќе од кога било во последните 60 години.

GBPUSD:CUR

GBP

1,2118 USD

почетна цена

1,2149

претходна цена на затворање

1,2149

промена од почетокот на годината

-10,7301%

дневен опсег

0,00 - 0,00

опсег на 52 недели

1,18 - 1,39

Вредноста на британската фунта нагло падна по објавата за зголемување на главната каматна стапка и најавите за влегување на земјата во рецесија.

Фунтата изгуби половина цент и падна на 1,209 долари.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија