По лошата година, акциите на европските производители на автомобили конечно наоѓаат позитивен импулс бидејќи знаците за дополнителен кинески стимул за економијата ги привлекуваат инвеститорите на сегашните ниски вредности на овој сектор.
Индексот на автомобили и делови Stoxx 600 се зголеми за 4,1 отсто во декември и е најдобар од февруари, иако на годишно ниво е сè уште во најголем пад од кој било сектор. Дури и по неодамнешните добивки, производителите на автомобили тргуваат со попусти поголеми од 50 проценти во однос на индексот Stoxx 600.
Таквите ниски вредности ги наведоа трговците да бараат поволни цени, особено бидејќи производителите на автомобили се меѓу најголемите потенцијални корисници на неодамна објавените кинески стимулативни мерки.
Прочитај повеќе

„Фич“: Раст на автоиндустријата од два отсто во 2025 и пригушени цени на глобално ниво
„Фич“ прогнозира раст на автомобилската индустрија од два отсто на глобално ниво со пригушени цени поради големата конкуренција
09.12.2024

Автомобилските гиганти се подготвуваат за уште една тешка година во индустријата
По бурната 2024 година со длабоки, структурни промени кои ја преобликуваат европската автомобилска индустрија, ниту следните 12 месеци не изгледаат подобри
07.12.2024

Крај за дизелашите во 2025 година? Македонија е преплавена
Европскиот суд на правдата поведе постапка за измама поврзана со дизел-возила.
04.12.2024

Ќе поскапуваат ли автомобилите следната година?
Агенцијата „Фич рејтингс“ очекува стабилност во глобалниот автомобилски сектор и на цените на автомобилите.
04.12.2024

Неволјите во автомобилската индустрија се прекршуваат на производителите на делови
На потрошувачите им е прекуглава од поскапувањата.
10.12.2024

Македонските автофабрики во рикверц, величествената Германија тоне
Кризата во автомобилскиот сектор во Европа се разгорува, а се намалија нарачките и за македонските доставувачи, дури и за 30 проценти.
25.11.2024
Грижите во врска со Кина и изгледите за американски царини се намалија, барем привремено, но остануваат секогаш присутни во главите на инвеститорите.
Bloomberg Mercury
„Се чини дека силните перформанси во декември се поттикнати од надежта дека процените се конечно доволно ниски, дека се воведени нови тарифи и дека врз основа на сето тоа автомобилите сè уште изгледаат евтино“, рече Даниел Шварц, аналитичар во „Штифел фајненшл“ (Stifel Financial Corp.).
Техничките показатели сугерираат дека инвеститорите го вртат своето внимание назад кон индустријата. За тоа помогнаа и индивидуалните приказни за пресврт. „Стелантис“ (Stellantis NV) беше со најголемо заостанување годинава, но доби поттик од смената на главниот извршен директор Карлос Таварес, кој ја плати цената за неуспехот. Аналитичарите на „Банката на Америка“ (Bank of America Corp.) имаат позитивни прогнози за акциите и очекуваат производителот на автомобили да го подобри обемот на производството.
БМВ (BMW AG) исто така доби поддршка кога аналитичарите на „Џеферис интернешнел“ (Jefferies International Ltd.) рекоа дека компанијата изгледа релативно добро позиционирана во однос на клучните прашања како Кина и усогласеноста со емисиите за следната година. БМВ има пад од 22 процента во 2024 година, погоден од големото повлекување и високите трошоци за енергија и работна сила во Германија.
Bloomberg Mercury
Но аналитичарите предупредуваат дека сепак треба да бидеме сигурни дека 2025 година веројатно нема да оди подмачкано за овој сектор, бидејќи индустријата се соочува со илјадници отпуштања, зголемена конкуренција, притисок на цените, регулативи за емисиите и потреба од реструктурирање.
„Веројатно ќе биде борба за удел на пазарот со ограничен раст на пазарот“, рече аналитичарот на „Морнингстар“ (Morningstar Inc.) Рела Саскин за изгледите на секторот за следната година.
Претстојното воведување на правилата за намалување на емисиите на Европската Унија претставува уште една потенцијална пречка, при што Европската асоцијација на производители на автомобили проценува дека тоа може да доведе до казни во вредност од 13 милијарди евра за автомобилите. Притоа, се проценува дека „Фолксваген“ (Volkswagen) и „Порше“ (Porsche AG) се најзагрозени од плаќање казни следната година.