Трошоците за струја во Германија и Франција скокнаа на нови рекордни нивоа, создавајќи уште поголем притисок на потрошувачите и индустријата кои и така се соочуваат со високи сметки.
Германските цени на електричната енергија за следната година пораснаа за 13 отсто на 725 евра за мегават час. Француската струја во истиот период порасна за 12 отсто, на 880 евра или околу 10 пати над ланската цена.
Астрономскиот раст е поттикнат од намаленото снабдување со гас од Русија што ја зголемува цената на гасот. Залихите се ограничени затоа што Русија повторно привремено ќе го сопре протокот на гас низ гасоводот Северен Поток на 31 август што повторно ги зголеми стравовите дека испораките нема да продолжат.
Ден пред регулаторот во Велика Британија да објави зголемување на сметките за домаќинствата за околу три пати над нивоата од минатата зима, расте притисокот врз европските челници да преземат мерки за намалување на притисокот со кој се соочуваат граѓаните.