text size
Се зголемува каматата, а се намалува интересот на банките за купување на благајничките записи. Годинава Народната банка не го смени износот на понудата, но реализацијата на месечните аукции на благајнички записи беше на помала сума само поради тоа што банките сакале помалку. А во истава година Централната банка во неколку наврати ја зголеми основната камата, таа по која банките купуваат благајнички записи кај НБРМ, а во функција на ограничување на растечката инфлација. Последното зголемување беше на последната аукција на 14 септември кога беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми до нивото од 3 отсто. Понудата остана иста – 10 милијарди денари.