Од 1 јули граѓаните ќе плаќаат минимално пониски казнени камати. Промената ќе следува поради намалувањето во првата половина од годинава на висината на основната камата по која Народната банка (НБРМ) продава благајнички записи.
Таа камата е референтна стапка односно основа за пресметување на казнените камати, кои всушност во земјава, законски, се коригираат двапати годишно, еднаш во јануари и еднаш во јули. Ако во полугодието што изминало има промена на основната камата, тогаш се врши корекција и на висината на каматата за казнено плаќање. Сега се случи тоа, односно во првите шест месеци годинава Народната банка еднаш ја спушти каматата на благајничките записи. Тоа беше во февруари, кога стапката беше намалена од 5,5 на 5,35 проценти, колку што е и сега, а оваа стапка е впрочем основата за пресметка на казнената камата.
Казнени или познати и како затезни камати пресметуваат банките за кредитите и за картичките во случај на доцнење во редовното плаќање, но и комуналните компании за режиските трошоци кога граѓаните не ги намируваат обврските навреме. Во согласност со регулативата, банките наплатуваат казнени камати за доцнењето во наплатата на денарските кредити или кредитните картички ако ратата не се плати по истекот на 30 дена откога достасала за плаќање, слично како и за сметките за комуналии.
Прочитај повеќе

Во банките чуваме 9,9 милијарди евра, а им должиме 8,3 милијарди евра
Годишен раст на депозитите од 12,2 проценти, а на кредитите од 12,1 проценти.
20.06.2025

Регионални и европски финтек компании преговараат за влез во Македонија
Народната банка преговора со нови играчи од регионот и ЕУ кои имаат финтек решенија коишто можат да ги понудат на пазарот.
04.06.2025

Компаниите и граѓаните „гладни“ за кредити, банките ќе ги олеснуваат кредитните услови
Во текот на првиот квартал од 2025 година, банките укажуваат на посилно олеснување на вкупните кредитни услови кај домаќинствата, во споредба со четвртиот квартал од 2024 година.
16.05.2025

Паѓаат каматите на кредитите, растат на депозитите
Во март просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,77 проценти и е пониска за 0,05 п.п. на месечно ниво.
30.04.2025
Во моментов референтната каматна стапка за пресметување на казнената камата е 5,55 проценти, но од јули ќе биде 5,35 проценти. Тоа ќе значи дека казнената камата ќе се намали за 0,2 проценти. Така, казнената камата за договори меѓу трговци и јавни претпријатија ќе биде 15,35 процентни поени, или 10 поени плус стапката на основната камата. Законската казнена камата во договорите во кои барем едно лице не е трговец или најчесто за физички лица од јули ќе биде 13,35 процентни поени.
Минусите на платата се окаматуваат со затезна камата
Втората сега изнесува 13,55 проценти и граѓаните што плаќаат редовно најмногу ја чувствуваат за средствата што ги зеле како минус на своите тековни салда. Имено, минусите на платата се окаматуваат со оваа стапка и тоа е значително високо ако се земе предвид висината на другите камати.
„Во април просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,67 отсто и е намалена за 0,02 п.п. на месечно ниво. Промената во целост произлегува од падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,07 п.п.), при раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,25 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,66 п.п, велат од Народната банка.
Инаку минатиот месец, односно во мај, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 4,8 отсто, што е еден од поголемите растови во последниот период. На годишна основа сѐ уште има пад на сумата што се води како долг на домаќинствата за минуси и таа во мај е помала за 2,3 проценти во однос на мај лани. Граѓаните им должеле на банките во тој месец по овој основ вкупно 102,9 милиони евра.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...