text size
Расте долгот на домашните компании. Во текот на минатата година вкупниот долг на домашниот корпоративен сектор порасна со стапка од 9,9 отсто, што е највисок уште од 2008 година. Пресметките ги прави Народната банка, а ние анализираме колку овој долг влегува во опасната зона, колкав дел се долгови кон домашните банки, колкава е задолженоста кон надвор, но и каков е карактерот на ризиците кои го оптоваруваат овој долг. Кoга надворешниот долг е во прашање клучно e дали освен растот на каматните стапки носи ризик и изложеноста во долари, а во услови кога вредноста на оваа валута расте. Ранливи ли се домашните компании и кој е степенот на ранливост?