text size
Во рекорден минус е индексот на доверба на македонските потрошувачи, кој илустрира колкав е степенот на оптимизам за состојбата на економијата што граѓаните го изразуваат преку нивните активности на штедење и трошење. Истражувањето што редовно го спроведува Европската комисија во земјите членки на Европската Унија и земјите-кандидати за зачленување покажува дека индексот на довербата на потрошувачите во Македонија во јули, годинава бил од -41,8 проценти, што е најниско ниво во изминативе 10 години. Иако во август има благо зголемување, индексот се уште е многу под повеќегодишниот просек.