text size
Нова рекордна стапка на инфлација во Македонија. Во септември, Државниот завод за статистика пресмета дека трошоците на живот се зголемиле за 18,7 отсто во однос на истиот месец лани. Во однос на август пак, инфлацијата изнесува 1,6 отсто и покажува тренд на забрзување во однос на периодот јули - август кога изнесуваше 1,3 отсто.