text size
Во целина, силниот долар нема значително влијание на македонската економија. Државата главно се задолжува во евра, трговијата исто така е во евра. Единствено влијание, силниот долар има на цените на горивата во земјава затоа што увозот на нафта е во долари. При пресметките на цените за малопродажбата, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја зема предвид вредноста на доларот во однос на денарот.