text size
Голем е бројот на македонски граѓани кои немаат причина за славење на 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето. Главна причина за тоа е што имаат многу малку простор за заштеди откако ќе ги подмират месечните трошоци за храна, комуналии, хигиена и останатите основни потреби. Најдобар показател за тоа се резултатите од анкетата за потрошувачката на домаќинствата спроведена од Државниот завод за статистика (ДЗС) во текот на минатата година според кои едно македонско домаќинство за штедење годишно во просек можело да издвои 11.569 денари (188 евра) или 3.178 денари (околу 50 евра) по еден член на домаќинството. Ако се земе предвид дека во теков на изминатава година имаме рекорден раст на инфлацијата кој во септември достигна 18,7 проценти јасно е дека можноста за заштеди дополнително е влошена.