text size
Македонската економија идната година ќе порасне за 2,9 отсто. Оваа проекција на Владата е поставена во предлог-буџетот за идната година и е пониска од претходните прогнози за раст на економијата од 4,6 отсто за 2023 година. Инфлацијата, која годинава е двоцифрена, се планира идната година да остане на високо ниво и да изнесува 7,1 отсто.