text size
Се ближиме кон средината на ноември, времето полека почнува да заладува, а на шеталиштата и плоштадите веќе извесно време мириса на топли печени костени. Сето ова асоцира дека полека доаѓа периодот на празници, а со тоа и периодот на шопинг и распродажби. Ноември е особено актуелен месец кога станува збор за големи попусти и добри зделки. Сега веќе можеме да кажеме дека одредени денови станаа традиционално познати по големите распродажби. Последниот петок од ноември е резервиран за т.н. црн петок (black friday), кога има огромни попусти, особено во продавниците за бела техника, компјутерска опрема и за обувки и облека. Црн петок оригинално се појавил во Филаделфија, а веќе е широкораспространет низ светот и купувачите однапред знаат кога се случува, што може да очекуваат и за колкави попусти ќе станува збор.