text size
Претставниците од бизнис-секторот велат дека фирмите веќе имаат сериозни проблеми со ликвидноста поради ковид, а потоа и енергетската криза, како и зголемените трошоци за производство. Сега веќе имаат проблем и со изворот за финансирање, кога станува збор за банкарскиот сектор, бидејќи кредитите се сѐ поскапи. Најавената даночна реформа ќе значи дополнително оптоварување за и онака кревките фирми. За ова се согласни и двајцата претставници на бизнис-заедниците што беа гости во Блумберг Адрија ТВ, Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори (ССК), и Дрилон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија.