text size
„Глобален шок ги погодува сите економии, но домашните структурни фактори во секоја од економиите диктираат за интензитетот на инфлацијата“ потенцира главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска. Во Македонија во октомври инфлацијата беше 19,8 проценти што е една од највисоките стапки во регионот и во Европа. Во последниот период и покрај забавувањето во поразвиените земји, кај нас, растот на трошоците за живот забрзаа. Како причина за ова Крстевска ја наведува увозната зависност на земјава.