text size
Предлог-буџетот за 2023 година се донесува во услови на нагласена неизвесност во економското окружување и ризици за понатамошно интензивирање на стагфлациските тенденции, кои се очекува да имаат поголема материјализација во првиот и вториот квартал од идната година, укажуваат од Институтот за економски истражувања „Фајненс Тинк“ (Finance Think) во нивниот осврт кон предлог-буџетот што го усвои Владата.