text size
Владата за следната година испланира рекордни 800 милиони евра за капитални инвестиции. Презентирајќи го Буџетот, министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека при кроењето на сумата за јавните проекти за 2023 година, Владата се водела од „златното“ правило според кое парите за капитални проекти треба да ја надминуваат сумата што е планирана за буџетскиот дефицит.