text size
Експертите ниту гледаат реформи во даночната реформа ниту гледаат како тие т.н. реформи ќе донесат дополнителни 70 милиони евра во буџетот за идната година. Додека владините претставници укажуваат на измени за пофер даночење, експертите сметаат дека е потребна многу посериозна реформа, која во поголема мера ќе го покрива буџетскиот дефицит, особено зашто заврши периодот на евтино задолжување.