text size
Државниот завод за статистика го објави статистичкиот атлас во кој се презентирани податоци од Пописот 2021, кои меѓудругото покажуваат во кои делови од Македонија има најизразено намалување на населението, а во кои има зголемување. Пописот покажа дека во Македонија живеат 1.836.713 жители, што е намалување за 185.834 жители или 9,2 проценти во однос на 2002 година.