text size
Македонските граѓани за задоволување на основните потреби за храна и пијалаци трошат трипати повеќе од своите семејни буџети отколку граѓаните на Европската Унија. Според новите податоци на Евростат, најголема ставка од 25 проценти во расходите на домаќинствата од ЕУ во 2021 година биле трошоците за станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива, односно таканаречените комунални или режиски трошоци. Втора по големина е ставката за храна и безалкохолни пијалаци, која опфаќала 14,3 проценти од вкупните расходи на просечното европско семејство.