text size
Со развојот на ИТ-индустријата и технолошките можности што таа ги нуди, се појави нов тренд на работа од далечина со регулиран или нерегулиран статус на вработен. Познат како фриленсерство (freelance), овој начин на живот и заработка стана уште поатрактивен во периодот на пандемијата, иако може да се каже дека одамна е тренд, особено меѓу помладите генерации, кои се безрезервно отворени за новите начини на заработка. Македонците не се никаков исклучок, напротив, се чини дека доста се активни во тој дел и фриленсерската заработка ја гледаат како сè поголема можност за самодокажување, но и развој во глобални рамки, каде што нема никакви бариери ниту граници.