text size
Речиси изедначен е растот на инфлацијата и на просечната плата во Северна Македонија во април, годинава. Државниот завод за статистика вчера соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година изнесувала 31.525 денари (512 евра), што е зголемување за 10,9 проценти во однос на април 2021 година. Стапката на инфлација, пак, во април изнесуваше 10,5 проценти, а во мај достигна нов рекорд од 11,9 проценти.