text size
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска ги отфрли тврдењата дека протеински јогурт со зголемено присуство на афлатоксин од Србија е пласиран на македонскиот пазар. Како што објасни Бабовски, се работи за две пратки пробиотски јогурт кои се веќе вратени во Србија.