„Енвидија“ е на пат да стане првата компанија со пазарна вредност од 5 билиони долари, откако серијата зделки што ги склучи извршниот директор Џенсен Хуанг ја издигнаа еуфоријата околу вештачката интелигенција (ВИ) на ново ниво.
Акциите на компанијата пораснаа за 3,5 отсто, достигнувајќи 208,05 долари во преттргувањето, што укажува дека „Енвидија“ ќе го премине историскиот праг со почетокот на редовната берзанска сесија. Поминаа само четири месеци откако компанијата го надмина нивото од 4 билиони долари, а растот се забрза како резултат на новите договори за испорака на чипови на компании како „Нокиа“ (Nokia Oyj), „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.) и „Хјундаи мотор“ (Hyundai Motor Group).
Во биковскиот пазар, поттикнат од оптимизмот дека вештачката интелигенција ќе ја револуционизира глобалната економија, „Енвидија“ се наоѓа во сопствена лига. Со раст на акциите од 50 отсто годинава, компанијата е заслужна за речиси една петтина од растот од 17 отсто на индексот S&P 500 во 2025 година. Следни по вредност се „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) и „Епл“ (Apple Inc.), со пазарни капитализации од околу 4 билиони долари секоја.
Прочитај повеќе
Акциите на „Енвидија“ скокнаа по најавите на Трамп за продажба на чиповите „блеквел“ во Кина
Изјавите на Трамп за можен договор со Кина за продажба на чиповите „блеквел“ ја поттикнаа еуфоријата на пазарите, па акциите на „Енвидија“ скокнаа на рекордно ниво.
пред 5 часа
Рефлекторите свртени кон „Интел“: Ќе воскресне ли технолошкиот гигант?
Крајот на летото покажа дека во позадината на лошите резултати на „Интел“ долго се работело на план за воскреснување, чиј исход би требало да се знае веќе во 2026 година.
26.09.2025
Вештачка интелигенција: Ако пукне меурот, ќе има многу изгорени
Стотици милијарди долари ризичен капитал се влеаја во компании низ светот што сакаат да го изградат следниот трансформативен производ базиран на вештачката интелигенција.
24.09.2025
„Енвидија“ инвестира 2 милијарди фунти во британските „Вејв“ и „Револут“
„Енвидија“ ќе вложи 2 милијарди фунти во британски компании за развој на вештачка интелигенција, со фокус на стартапи за автономни возила и јакнење на технолошкиот сектор.
19.09.2025
Ги споредуваме „Енвидија“ и „Сиско“ – има ли причина за страв?
Актуелниот ВИ-бум често се споредува со балонот dot.com, а „Енвидија“ со „Сиско“.
11.09.2025
Патот на „Енвидија“ кон вредност од 5 билиони долари
Bloomberg
„Пазарна вредност од 5 билиони долари ќе беше незамислива пред само неколку години“, изјави Кит Лернер, главен инвестициски директор и главен пазарен стратег во „Труист адвајзори сервисис“ (Truist Advisory Services). „Пазарот очигледно вложува огромна доверба во идејата дека вештачката интелигенција ќе биде трансформативна.“
Акциите на „Енвидија“ пораснаа во вторникот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да разговара со кинескиот лидер Шји Џјинпинг за чипот „блеквел“ (Blackwell). Трамп уште пред неколку месеци рече дека ќе размисли да ѝ дозволи на „Енвидија“ да извезува во Кина помалку моќна верзија на процесорот „блеквел“, а инвеститорите сега се надеваат дека таков договор би можел да биде на маса.
Во понеделникот, Хуанг најави нова серија партнерства и ги отфрли стравувањата од ВИ-меур, истакнувајќи дека најновите чипови се очекува да генерираат приходи од половина билион долари. Компанијата исто така претстави нов систем што ги поврзува квантните компјутери со нејзините чипови за вештачка интелигенција.
Прва компанија во историјата со вредност од 5 билиони долари
Bloomberg
Аналитичарите на Волстрит речиси едногласно гледаат оптимистички на идните перспективи на компанијата.
Од 80 аналитичари што ја следат компанијата преку податоците на „Блумберг“, повеќе од 90 отсто ѝ доделиле препорака за купување, а само еден, аналитичарот Џеј Голдберг од „Сипорт глобал секјуритис“ (Seaport Global Securities), ја оценил акцијата со препорака за продажба.
Акциите на „Енвидија“ се тргуваат по цена што е помалку од 34 пати од проценетата заработка, под нивниот петгодишен просек од околу 39, и не многу повисоко од индексот на полупроводници на берзата во Филаделфија, кој се движи околу 29 пати.
Сепак, со оглед на драматичниот раст во последниот период, постои скептицизам дали акциите на „Енвидија“ можат да продолжат да се искачуваат.
Вредноста на акцијата веќе порасна за околу 1.275 отсто од крајот на 2022 година.
Ден Ај, главен инвестициски директор во „Форт Пит“ (Fort Pitt Capital Group), изјави дека е веројатно „Енвидија“ да загуби дел од уделот на пазарот во корист на конкуренти како „Адвенсд мајкро дивајсис“ (Advanced Micro Devices Inc.) и „Бродком“ (Broadcom Inc.).
„Ако се остварат очекувањата што сите ги вложуваат во ВИ, тогаш веројатно вреднувањата се оправдани“, рече тој. „Но извесно е дека дел од нив ќе биде тешко да се одржи. Тешко е да не се поседуваат акции на ‘Енвидија’, но тие навистина се проценети за високи очекувања.“