Нема да се откажеме да бараме ослободување на капацитетите за гас и да бараме таксата да не важи затоа што е неправедно наметната и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија. Ако треба, тоа ќе го направиме и пред меѓународните судови, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарско прашање што ќе се случи доколку Бугарија не ги прошири капацитетите за да може да се набават поголеми количества гас и од други извори, Ковачевски рече дека со министерот за економија Крешник Бектеши реагирале во Европската комисија дека таксата не треба да биде воведена, со оглед на тоа што целокупниот капацитет на влезната страна кон Македонија е даден од страна на Бугарија на „Газпром“.
„Тоа значи дека таквата такса ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплувањето кај нас за 20 проценти. Затоа побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, кој нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со таа дополнителна такса. Во моментот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија, со соодветното министерство, за да може да биде направено тоа. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на 'Газпром' и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа“, изјави Ковачевски по настанот по повод Денот на националното осигурување.
Прочитај повеќе

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета
Таксата би ја зголемила цената на гасот што во земјата го користат компаниите
25.10.2023

Бугарската такса може да го поскапи гасот над 25 отсто
Одлуката на Бугарија да го даночи транзитот на рускиот гас предизвика сериозни закани врз енергетскиот сектор во Македонија.
25.10.2023

Бугарија ќе го даночи транзитот на руски гас, ќе страда ли Македонија?
Бугарија воведува наплата од 20 бугарски лева (10,76 американски долари) по мегават час гас од руско потекло.
17.10.2023