text size
Ќе се зголеми ли цената на природниот гас во Македонија е прашање кое се наметнува откако Бугарија воведе данок на рускиот природен гас, кој транзитира низ нејзината територија. Со новиот предлог-закон, кој беше објавен во петокот (13 октомври) и кој стапува во сила веднаш, Бугарија воведува наплата од 20 бугарски лева (10,76 американски долари) по мегават час гас од руско потекло. Тоа е околу 20 проценти од цената на европскиот репер гас со кој се тргува во регионалниот центар Амстердам.