text size
За Владата, барем во Македонија, растот на минимално загарантираната плата беше еден од обидите да се влијае и политички, можеби и да се соберат политички поени. Несомнено, како и за повеќето други „бенефиции“ за граѓаните. Со последното зголемување, минималната плата во земјава практично од март изнесува 18.000 денари во нето-износ. Тоа се секако околу 300 евра или 429 евра во бруто-износ. На ниво на регионот Адрија, ова не е најниската плата иако анализа на просечните плати меѓу петте земји што веќе ја објавивме покажа дека Македонците имаат најниски просечни примања. Покачувањето на минималната плата во земјава сепак беше механизам со кој властите се обидуваа да го зголемат тој државен просек. И навистина успеаја во тоа. Во „Блумберг Адрија“ правиме анализа за растот на минималната плата во земјава и висината на гарантираниот приход во другите земји од регионот. Друг е аспектот што во услови на веќе почнат тренд на зголемување на инфлацијата, за експертите, последното зголемување е и дополнителен притисок на потрошувачката и на цените.