text size
Градежниот сектор во Македонија забележа пад од 17,2 проценти во првите три месеци од 2022 година, кој согласно податоците се должи на падот во сегментот високоградба(станбени и деловни објекти), додека кај нискоградбата(инфраструктура) има раст во првото тримесечје. Со тоа се продлабочува падот кој започна во минатата година, а кој го нотираше Народната банка во последниот квартален извештај од мај, годинава.