text size
Oд појавата на пандемијата фриленсерството доживува глобална експанзија, а слободниот избор на работното време и локацијата од каде да се работи се можеби клучните фактори за тоа. Но флексибилноста и слободата си имаат своја цена, бидејќи овие работници остануваат надвор од даночниот систем и системот за здравствено, социјално и пензиско осигурување, особено кога станува збор за Македонија. Развиените земји веќе почнаа да го регулираат статусот на фриленсерите и со низа мерки ги опфаќаат во системите.